Select Page

Резилиентност | Работилница со Д-р Митов

390.00ден

Работилницата ќе се одржи на 11 мај (среда) со почеток од 18:30 часот во ЛинкАкрос Центар за развој на ул. Хелсинки 47 (Тафталиџе). Времетраењето е 2 часа. Промотивната цена изнесува само 390,00 денари. Регистрирајте се веднаш! Местата се ограничени.  Настанот може да се следи во живо, и онлајн преку платформата Zoom.

11 мај 2022, 18:30h –  20:30h

Нема на залиха

Опис

Резилиентност – како да се пребродат пандемиските и пост-пандемиските предизвици?

Дали познавате личност која, без оглед на околностите, секогаш успева да продолжи понатаму?

Како тaa личност успева да продолжи, да напредува, и стане уште посилна додека ги надминува животните предизвици? Одговорот лежи во резилиентноста.

Што е резилиентност? Многумина ја дефинираат како капацитет за враќање назад, по тешки настани / периоди. Уште ја нарекуваат и капацитет за опоравување, за ментално заздравување и сила да се продолжи повторно во животот.

Гледајќи ги промените предизвикани од глобалната пандемија ќе се сложиме дека денес резилиентноста ни е потребна повеќе од било кога. Бевме изложени на разни грижи за здравјето, безбедноста, финансиската нестабилност, и неизвесна иднина. Периодите на изолација беа исклучително тешки и донесоа сериозни проблеми за менталното здравје.

Променените и кризите не можеме да ги избегнеме. Но, тоа што можеме е да ја зајакнеме нашата резилиентност и научиме како подобро и побрзо да застанеме на нозе.

 

Дознајте повеќе за тоа што е резилиентност и како може да ја зајакнeте на новата работилница со д-р Митов на тема: „Резилиентност – Како да се пребродат пандемиските и пост-пандемиските предизвици?“

Работилницата ќе се одржи на 11 мај (среда) со почеток од 18:30 часот во ЛинкАкрос Центар за развој на ул. Хелсинки 47 (Тафталиџе) Google Maps Link. Времетраењето е 2 часа. Промотивната цена изнесува само 390,00 денари. Регистрирајте се веднаш! Местата се ограничени.

 

*Настанот се организира согласно препораките и мерките на Владата со цел спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.
За сите учесници со физичко присуство задолжително е поседување на сертификат за извршена имунизација (вакцинација) или прележаност од вирусот SARS-CoV-2.

Детали за настанот

Ден 1: May 11, 2022

Почеток: 18:30 CET

Крај: 20:30 CET

Место: ЛинкАкрос Центар за развој