Select Page

Педијатриска Прва Помош

1,200.00ден

ЛинкАкрос организира обука за Педијатриска Прва Помош со д-р Милена Спиркоска на 3 декември (сабота) во времетраење од 10:00 до 14:00 часот. Обуката ќе се одржи во ЛинкАкрос Центарот за Развој (ул. Хелсинки 47/1-1 – Тафталиџе). Промотивната цена изнесува 1200,00 денари. Регистрирајте се веднаш! Местата се ограничени.

Време: 10:00 до 14:00 часот

Адресата на ЛинкАкрос Центарот за развој е: Ул. Хелсинки 47/1-1, Скопје (Тафталиџе) Google maps pin

Нема на залиха

Опис

Секое лице кое ќе се најде на местото на несреќата, доколку има знаења и вештини може да пружи прва помош.

Зошто е важно укажување на прва помош?

  • Намалува смртност
  • Намалува инвалидитет
  • Намалува компликации од повредите

Несреќи се случуваат насекаде околу нас. Тие најчесто не можат да се спречат. Најголем број на смртни случаи се случуваат во првите секунди и минути по сообраќајна несреќа или повреда – според статистичките податоци, дури 45%.

 

Како родител, вие први реагирате кога нешто ќе тргне наопаку или ако е потребно да се укаже прва помош.

Што ќе направите?

Научете ги вештините што ви се потребни за да спасите живот и да ги третирате најчестите повреди и итни состојби.

Не ти треба волшебно стапче или супермоќ за да станеш детски херој. Потребно е само знаење.

Научи прва помош, спаси живот и стани херој!

Цената на четиричасовната обука изнесува 1200 денари.

Обуката ќе ја води искусниот лекар д-р Милена Спиркоска.

Детали за настанот

Датум: December 03, 2022

Почеток: 10:00 CEST

Крај: 14:00 CEST

Место: ЛинкАкрос Центар за развој