Опис
Дали ви се случило да посакате некој успех во животот,, но секојдневието ви ја затрупала идеата па не можете ни да се сетите кој ви бил планот?
Сакам да сменам нешто… подобро да го менаџирам моето време, да започнам сопствен бизнис, да намалам килограми, да почнам да се хранам здраво, да престанам да пушам, и листата продолжува.
Но, кога станува збор за тебе лично, се прашуваш дали промената е воопшто можна?
Според една студија од Универзитетот Дјук, околу 45 проценти од нашите секојдневни активности се состојат од навики. Нашиот животен стил е, во суштина, збир од нашите навики.
Променете ги вашите навики и ќе го промените вашиот живот. Се прашувате како? Науката вели дека тоа се постигнува преку вложување минимален напор. Направете колку што е можно помал чекор – микрочекор.
За да создадете нова навика, прво мора да го поедноставите однесувањето. Направете толку мал чекор, толку едноставен, да изгледа дури смешен. На пример, ако целта е пишување книга – напишете еден параграф дневно.
Еден параграф не е многу, но 50 параграфи веќе може да сочинат едно или две поглавја од книга. На тој начин микронавиката, во рок од 3 месеци прави драматична разлика.
Придобивката од една мала победа оди подалеку од создавање на ново однесување – таа всушност ја зацврстува нашата волја за да создадеме уште повеќе победи и добри навики. „Успех раѓа успех!“
Нова работилница во серијалот Преобразба со д-р Митов зборува токму на тема на микронавики: „7 совети како да го подобрите вашиот живот преку микронавики“.
Одберете област на која сакате да се фокусирате и поченете со микронавики – само една област! Почнете со воведување кратки, лесни микронавики – чекор по чекор.
Создавањето значајна, одржлива промена во однесувањето не е само движење од точка А до точка Б на механички начин. Станува збор за разбирање на основните човечки потреби и желби – да живееме подобар живот.
Повелете заедно да дознаеме кои микронавики ќе не однесат до посакуваната промена и како.
Работилницата ќе се одржи на 30 март (среда) со почеток од 18:30 часот во ЛинкАкрос Центар за развој на ул. Хелсинки 47 (Тафталиџе) Google Maps Link. Времетраењето е 2 часа. Промотивната цена изнесува само 390,00 денари. Регистрирајте се веднаш! Местата се ограничени.
*Настанот се организира согласно препораките и мерките на Владата со цел спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.
За сите учесници со физичко присуство задолжително е носење на заштитна маска на лицето и поседување на сертификат за извршена имунизација (вакцинација) или прележаност од вирусот SARS-CoV-2.
Максимален број на учесници на настанот е 16 (ковид капацитет).