Опис
Стресните ситуации се сосема природна работа што не можеме да ја елиминираме од нашите животи, но за среќа постојат начини за соодветно менаџирање со стресот. Дали тој ќе биде вашиот најголем непријател или пак корисен сојузник, до одредена мерка, одлучувате вие.
Стресот не само што има силно влијание на менталното здравје, туку може да има и свои негативни импликации врз физичкото здравје. Oд друга страна, стресот може да не’ потикне на акција, тој не’ развива и унапредува.
Добрата вест е дeка секој човек може да научи како подобро да се справи со стресот. Постојат одредени стратегии што може да ги примениме во секоја стресна ситуација. Сакате да научите како и кога да ги примените?
Вебинарот со д-р Митов на тема „3 стратегии за менаџирање со стрес“ ви нуди одговори на овие прашања.
Придобивки:
-
Подобро познавање на стратегиите за намалување на стрес
-
Идентификување на симптоми на стрес
-
Техники за подобро справување со стресот
-
Мотивација за промена на одредени навики што ќе придонесе кон подобри исходи во стресните ситуации
-
Намалување на можноста за здравствени нарушувања поврзани со стресот