Select Page

Поставување и исполнување цели во Новата година | Работилница со Д-р Митов (Попуст)

550.00ден

Работилницата ќе се одржи на 15 декември (среда) со почеток од 18:00 часот во ЛинкАкрос Центар за развој на ул. Хелсинки 47 (Тафталиџе). Времетраењето е 2 часа. Промотивната цена изнесува само 690,00 денари. Регистрирајте се веднаш! Местата се ограничени.  Настанот може да се следи и онлајн преку платформата Zoom.

15 декември 2021, 18:00h –  20:00h

Нема на залиха

Категорија:

Опис

Нова година е симбол на нови почетоци. Тоа е воедно и време кога многу луѓе поставуваат различни цели за подобрување. Повеќето од нас поставуваме амбициозни цели, но само 10% ќе го доживејат вкусот на победата. Која е вашата цел во Новата година? Постојат безброј причини зошто луѓето не успеваат да ги остварат своите новогодишни резолуции. Поставувањето цели не е исто со имањето желби или лабави планови. Да се постави ЦЕЛ значи: прво, да се разберете себе си и својата моментална појдовна точка, второ, да одредите охрабрувачка но не и недостижна состојба кон која ќе се стремите, и трето, да поставите план, чекор по чекор, или методологија на вашиот успех. Затоа поставувањето цели е само едната страна од паричката; втората страна, секако, е исполнувањето на целите кои сте си ги поставиле. Само двете заедно прават смисла и даваат резултати.

Работилница со д-р Митов ќе ја опфати оваа универзална тема „Поставување и исполнување цели“. Темата е применлива во повеќе полиња. Без разлика дали зборуваме за слабеење, менување на животни навики кон поздрав животен стил или пак личен развој, професионални достигнувања и бизнис цели, секаде важат истите принципи.

Дознајте повеќе за тоа кои цели се мерливи цели, и кои чекори ќе ве донесат до нивното исполнување. 

Работилницата ќе се одржи на 15 декември (среда) со почеток од 18:00 часот во ЛинкАкрос Центар за развој на ул. Хелсинки 47 (Тафталиџе) Google Maps Link. Времетраењето е 2 часа. Промотивната цена изнесува само 690,00 денари. Регистрирајте се веднаш! Местата се ограничени.

 

*Настанот се организира согласно препораките и мерките на Владата со цел спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.
За сите учесници со физичко присуство задолжително е носење на заштитна маска на лицето и поседување на сертификат за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2.
Максимален број на учесници на настанот е 16 (ковид капацитет).

Детали за настанот

Ден 1: December 15, 2021

Почеток: 18:00 CET

Крај: 20:00 CET

Место: ЛинкАкрос Центар за развој